Приведен кумановец – крадел од цркви
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово вчера околу 15 часот лишиле од слобода 28-годишен кумановец, информираат од МВР.
Според МВР, тој се сомничи дека на 24.08.2025 со употреба на сила влегол во црквата „Св. Троица“ во село Љубодраг, кумановско и одзел пари, додека на 28.08.2025 од црквата „Св. Петка“ во населбата Бедиње, со употреба на сила се обидел да одземе пари од касата.
Крадецот бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.