Приведен кумановец поради сомнение дека предизвикал пожар на патничко возило

Полициски службеници од СВР Куманово на 31 август годинава лишиле од слобода 31-годишен кумановец, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, тој се сомничи дека на 30.08.2025 на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на лице од Куманово.

По целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава.