Приведен кумановец со 550 парчиња пиротехника

Педесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полиција му пронашла и одзела 550 парчиња пиротехнички средства, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, Во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, предвидена е глоба за оној кој употребува пиротехнички средства, а затворска казна за тргување со поголемо количество пиротехника и експлозивни материи.