Приведен мотоциклист, управувал мотоцикл под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека ноќеска, еден час по полноќ на булеварот „Октомвриска револуција“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода 34-годишен кумановец

Според СВР, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.