Триесет и петгодишен кумановец осуден на 11 години и два месеца затворска казна вчера бил приведен во кумановско Доброшане, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според надлежните, тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и 2 месеца за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.
–Приведениот ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена, стои во соопштението.
