Приведен штипјанец – учествувал во сообраќајка во алкохолизирана состојба

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода 59-годишен жител на село Вртеша, општина Карбиници, соопштија надлежните.

Според СВР Куманово, при преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал со возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.