Привремени дислокации на Итната служба, Детскиот диспанзер, Домашна посета и Итна стоматолошка служба во Куманово
Поради почеток на целосно реновирање на Детскиот диспанзер за вакцинација, Итната стоматологија, Итната медицинска помош, Домашна посета и Дежурна служба, ќе се направат привремени дисколации на службите, информира Здравствениот дом.
Детски диспанзер за вакцинација ќе се дислоцира во амбуланта „Тоде Мендол“.
Домашна посета и дежурна служба ќе се дислоцират во бараката во дворот на Општата болница спроти Невропсихијатрија.
Итната помош ќе се дислоцира во зградата на Здравствен Дом (попозната како Уред)
Итната Стоматолошка Служба ќе се дислоцира во Школската Амбуланта.