Подобрување на безбедноста, намалување на бројот на сообраќајните прекршоци и зголемена сообраќајна култура се предностите на функционирањето на системот „Безбеден град“, кои ќе бидат забележливи по подолг временски период, смета професорот по сообраќајни стручни предмети Стефан Бранковиќ.
Со проектот ќе се обезбеди и поголема рамноправност на учесниците во сообраќајот, но и неселективност во санкционирањето, истакна Бранковиќ.