Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска во присуство на претставници од општинската администрација денеска ги прими претставниците од Асоцијацијата Алзас Македонија – Франција, во знак на благодарност за донациите коишто се спроведуваат во етапи.
Донацијата (прозорци и врати) наменета за реновирање на подрачното ООУ „Толи Зордумис” – с.Режановце е реализирана во дел од проектните активности.
Денеска во ЈЗУ Општа болница – Куманово пристигна хуманитарната пратка, опрема за неопходните потреби на оваа установа (повеќенаменски електрични кревети и други дополнителни помагала), каде беше организиран прием за француската делегација, од страна на директорот и медицинскиот персонал.
Претстојот во Куманово беше искористен за посета на реновираното училиште во с.Режановце, обиколка на музејот и локалната црква.