Продолжи реконструкцијата на малиот плоштад
По неколкумесечна пауза, продолжи реконструкцијата на малиот плоштад.
„Во тек е реконструкција на дел од малиот плоштад кај НУЦК „Трајко Прокопиев“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Активностите, како што напиша Димитриевски, опфаќаат набавка, транспорт и монтажа на окапници од гранит, како и ѕидни гранитни елементи, со што просторот ќе добие уреден и модерен изглед.
Според електронскиот систем за јавни набавки, договорот за изведување на работите е склучен на 22 јули годинава, со компанија од Прилеп.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 15.200.057 денари.