Продолжува педесет и третата седница на Советот на општина Куманово
Во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, утре во 10 часот ќе продолжи педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово. Седницата беше прекината во четвртокот, откако беа усвоени точките за: годишен и финансиски извештај за работа, како и план за нови вработувања во Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово и завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година. Следете ја во живо на ТВ Плус.