Произведени првите буковки во државното средно училиште „ Киро Бурназ”

Во рамките на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, учениците од државното средно училиште „Киро Бурназ“ активно учествуваа во процесот на подготовка, следење и грижа за одгледување на буковка и циркуларна економија.

„Најновата практична активност во рамки на стручната обука во соработка со Ековита уште еднаш покажа дека кога знаењето се комбинира со ентузијазам и тимска работа – резултатите се извонредни. Учениците сами внесоа мицелиум во претходно пастеризирани вреќи со дрвени струготини и по неполн месец: првите вкусни и хранливи буковки. Со голем ентузијазам учениците ги следеа сите фази: од подготовка на подлогата, инкубација, па сѐ до појавата на првите плодни тела“, пишува во објавата

Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.