ПроКредит банка со нова филијала во строгиот центар на Куманово

ПроКредит банка повторно во Куманово со нова поголема филијала која што ќе овозможува дополнителни и подобрени услуги, подобра достапност за клиентите, одлични поволности за физичките и правните лица, како и модернизиран ентериер. Вработените во новоотворената филијала ќе можат да им помогнат на клиентите да ги користат дигиталните канали.

– Она што е најбитно е, пред се, човечкиот фактор, значи нашите вработени се исклучително квалитетни така што доста вложуваме во нашите вработени и секој вработен е подготвен навистина да понуди квалитетна услуга и кога зборувате со вработен од ПроКредит банка или друга банка да забележите разлика така што тоа е нешто кое што е на прво место. Но, покрај тоа даваме и некој финансиски бенефит, тоа би значело дека за сите клиенти кои што ќе отворат сметка во филијалата во Куманово даваме опција да користат бесплатно платен промет во првиот период и исто така за сите физички лица прецеренцијални каматни стапки и за кредити и за депозити. Пораката е, секогаш треба да се биде отворен за нови инвестиции, за нови вложувања, ние како банка секогаш сме спремни да ги сослушаме плановите, идеите на клиентите и соодветно да ги поддржиме, но исто така сме и банка која што е од доверба така што сме германска банка со германски капитал, сигурна банка за штедење. И од двата аспекти сме банка која што сакаме да разговараме со нашите клиенти, изјави Стевче Кузмановски, член на Управен одбор на ПроКредит банка

ПроКредит банка е лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии во земјата со 100% автоматизирана услуга за готовински и безготовински платежни трансакции, уште од 2016-та година. Први на пазарот ја воведоа и услугата за дигитално потпишување на договори за сите правни лица. Ефикасноста, брзината и безбедноста се придобивките кои ги нуди оваа услуга.

-Нашата банка, кога велиме работи дигитално тоа значи дека сите операции, сите услуги може да ги користите преку машините или преку картичка, така што имаме современи банкарски машини каде што може да уплатувате средства, да повлекувате средства, единствена банка сме во Македонија од која што може да повлекувате и денари и евра, така што мислам дека самите наши клиенти тоа доста го ценат, во делот на платен промет – имаме канали како електронско банкарство, мобилно банкарство кои што се супер и самите клиенти доста ги сакаат,а тоа значи дека нашите вработени работат со клиентите само во делот на давање на совети за нивните планови, инвестиции, изјави Кузмановски.

„ПроКредит банка е застапена во Македонија веќе 22 години и денеска претставува системски значајна банка и сериозен играч во рамките на економијата во државата“,  кажа Кузмановски на свеченото отворање на новата филијала.

-ПроКредит банка е доминантна банка со германски капитал, работиме во десет држави во Југоисточна Европа така што сме застапени скоро во секоја земја во регионот, во Македонија сме некои 22 години, почнавме буквално од нула пред 22 години за да денеска претставуваме системски значајна банка и главен играч во македонскиот пазар. Важиме за банка партнер на сите бизнис клиенти така што во делот на бизнисите имаме 20 посто пазарано учество, преку 5.000 компании работат со нас и исто така имаме преку 20.000 физички лица така што банката навистина претставува сериозен играч во рамките на економијата во Македонија, рече Кузмановски.

Новата експозитура на ПроКредит во Куманово е лоцирана на улицата „Моша Пијаде“  број 18, со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)