Промоција на завршниот проект „Планинарска инфраструктура – основа за туризам и здрави навики“
ЗПЗП КОЗЈАК 2013 Куманово со цел да ги презентира реализираните активности кои беа предвидени со проектот „Планинарска инфраструктура – основа за туризам и здрави навики“ вечерва во 19 часот часот ќе организира мал коктел во малата сала на училиштата „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“.
На настанот ќе може во живо да се види направената вештачка карпа, ќе има видео презентација и фотографии од реализираните активности со учениците и ќе бидат доделени благодарници за училиштата кои учествуваа во проектот.
-Добродојдени се сите заинтереситрани граѓани, а особено професорите кои со свои ученици учествуваа на планинарските акции и предавања, се вели во објавата од организаторот.