Промоција на книга „Радоста на постоењето“ на Симона Петреска
Вечерва со почеток во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура, ќе се одржи промоција на книгата „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска. Промотор на книгата е Александра Филиповска Јанковиќ. Настанот е дел од годишната програма за литература за 2022 година поддржана од Министерство за култура.
Симона Петреска е родена во 1980 година, во Скопје. Дипломирала педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Денес е автор, мотиватор и животен тренер.