Пронајдена марихуана при претрес во викенд куќа во Карпош

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово вчера во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР, по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес на две локации кај 29-годишен кумановец , информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, додаваат дека при претресот во викенд куќа во местото викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на населбата Карпош, била пронајдена  марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ и 11 куршуми.

– Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)