Пронајдени мајката и ќерката кои беа пријавени за исчезнати

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во полицијата било пријавено дека во Скопје е пронајдена 29-годишната кумановка заедно со едногодишната ќерка, за која на 09.12.2025 нејзиниот сопруг пријавил дека се оддалечила од семејниот дом со детето.

Полицијата информира и за приведен 17-годишник од кумановско бидејќи него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија надлежните.