По снежните врнежи, патиштата во Куманово се проодни. Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ од утрово се на терен и работат на расчистување, посипување на сол и опесочување на сообраќајниците во централното градско подрачје, како и на главните улици во приградските населби и селски средини. Се чистат и плоштадите, тротоарите.