Во рамки на проектот Cultural Ambassadors on the go! / Активни амбасадори на културата ! од Ерасмус + програмата од 24 до 28 октомври годинава професори и ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ ја посетија Бугарија.

Темата на оваа мобилност беше традиционални игри и ора, а учениците облечени во народна носија достојно ја претставија нашата држава, велат од гимназијата.

На оваа мобилност сите учесници имаа можност да ги запознаат традиционалните игри и ора на останатите држави-партнери ( Турција, Бугарија, Италија, Романија и Португалија) и активно да се вклучат во изведбата.

Целта беше учениците да ги научат традиционалните игри и ора од останатите држави и таа беше успешно остварена.