Работилница во рамки на втората фаза од проектот „Поврзување на локални патишта и улици”

Општина Куманово беше домаќин на повеќе општини во Македонија, вклучени во проектни активности за подобрување на патната инфраструктура во општините – RAMS, како втора фаза од проектот „Поврзување на локални патишта и улици”. Овој проект е финансиски поддржан од Светска банка, во имплементација на министерството за транспорт и врски и општина Куманово. Координатор на проектот е Горан Митевски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, а заменик координатор – Марија Бабан, раководител на Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции. На работилницата присуствуваа експерти од областа на патна инфраструктура – MOTT Србија и MOTT Романија, како и членови на работната група – претставници од: СВР Куманово, јавните претпријатија „Куманово паркинг“ и „Куманово план“, сектор за урбанизам, сектор за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата и одделение за ИТ.

Коментари

коментар(и)