Радослав Настасијевиќ Варџиски – предлог заменик министер за дигитална трансформација
Со одлука на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, кумановецот Радослав Настасијевиќ Варџиски е кандидатот за заменик министер за дигитална трансформација во новата Влада. Варџиски е роден во 1987 година во Куманово. Дипломирал на економскиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, на отсек Маркетинг менаџмент во 2009 година, а магистрирал на истиот отсек во 2012 година. Завршил Академија за графички дизајн во 2005 година, како и Академија за веб дизајн во 2012 година, по што активно работи на проекти во доменот на графички и веб дизајн. Во октомври 2019 започнува со работа како Советник за меѓуопштинска и меѓугранична соработка во Општина Куманово.
Во февруари 2021 станува раководител на Одделението за поддршка на градоначалник, а од јуни 2023 е унапреден во раководител на Секторот за поддршка на градоначалник и Совет на oпштина Куманово, информирање, односи со јавноста и ИТ.