Ракометарките со победа над ЖРК Скопје

Ракометарките на Куманово вчера остварија убедлива победа на домашен терен против составот на ЖРК Скопје со резултат 41:20. Во единаесетото коло од Женската супер лига, кумановки беа убедливо надмоќни и лесно остварија нова победа. Најмногу погодци реализираше Алмеида Андреза, дури 13, додека седум голови запиша Габриела Величковска. Одлична беше и голманката Симона Грујовска која реализираше седум одбрани. Кумановки веќе утре се исправени пред нов предизвик. На гостински терен го играат 12.то коло од домашната лига против составот на Шампион со почеток во 17 часот.

Коментари

коментар(и)