Рапидно намалување на пожарникарски интервенции споредбено со 2019 (видео)

Кумановските пожарникари вчера бележат две интервенции на запалени оџаци, при што првата интервенција била на запален оџак од семејна куќа лоцирана на улицата „ЈНА“, а

оџак на семејна нуќа горел и на улицата „Моша Пијаде. Сепак, кумановските пожарникари го искажаа пред нашаиот објектив своето задоволство од драстичното намалување на пожарникарските интервенции за 2020 година во однос на 2019тата. Ова се должи пред се на рестриктивните мерки кои беа на сила поради Ковид 19. Исто така, и временските услови беа на страна на територијално против пожарната единица во Куманово. На почетокот на пандемијата, единицата активно се вклучи во дезинфекција на јавно прометните површини, миење на улиците и дистрибуција на пакети за загрозените семејства.

 

Во продолжение проследете ја изјавата од  Дејан Илиевски – Командир на ТППЕ Куманово