Реконструкцијата на подрачното училиште во село Пчиња во завршна фаза

Во завршна фаза е целосната реконструкција на подрачното училиште на  ООУ ,,Браќа Миладиновци” во кумановското село Пчиња, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Претходно, во непосредна близина на училиштето општина Куманово направи мултифункционално игралиште со тартан подлога, со што тој дел од селото добива свој сосема нов, модерен изглед.

Во меѓувреме, во тек е и реконструкцијата на подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Агино село.

Коментари

коментар(и)