Ретроспективна изложба на слики од Боро Арсовски- Бабата

Во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ на 23 септември годинава ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики од Боро Арсовски – Бабата. На изложбата ќе биде претставен само дел од 55-годишното ликовно творештво на Арсовски.
Почнал да слика од 1969 год. како сликар наивец. Од 1971 год. неговите дела се изложуваат на стотина меѓународни изложби, салони, биенала во повеќе држави. Учествувал на дваесетина меѓународни ликовни колонии на наива: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина…

Неговите дела се наоѓаат во голем број приватни колекции, галерии и музеи ширум светот.