Санкционирани 206 возачи на подрачјето на СВР Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 206 возачи   од  кои 124 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 70 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)