Сашо Стошевски е назначен за нов в.д. директор на подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во Куманово. Тој е магистер на економски науки, а во фондот работи веќе 16 години.
„Нашата основна цел е навремена, квалитетна и ефикасна услуга на осигурениците во остварување на нивните права и обврски како и уредување и унапредување на договорите со здравствените установи како даватели на услуги, се со цел подобрување на здравствениот систем. Крајната цел ни е задоволни осигуреници и се разбира задоволни вработени. Имаме просторни проблеми, но работиме на надминување на истите, а се разбира имаме и дефицит од стручен кадар, но размислуваме и на тоа поле. Имам искуство во функционирање на институцијата и сум добро запознаен со тековните работи и недостатоците кои треба да се надминат, изјави денеска за Телевизија Плус, в.д директорот Стошевски.
Сашо Стошевски е потпретседател на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ. Беше советник во Советот на општина Куманово во претходниот состав.
Тој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Бујар Муслији.
