Здружението на просветни работници организира настан утре (17.12.2024) во 11 часот во Занаетчиски дом на кој во соработка со Фото клуб Куманово ќе бидат изложени 30 фотографии од Градската хроника „505 години Куманово“ – изложба промовирана пред еден месец во просториите на Фото клуб Куманово, со цел да биде видена од поширока публика.
Седум претставници од претседателство на Здружение на просветни работници учествуваа на VII регионална наставничка конференција во Велика Горица, Хрватска од 28.12 до 01.12.2024, на која добија награда за најдобар образовен штанд ,,Македонски мозаик” и два претставника од Здружението споделија свои вештини и ставови, еден како реализатор во рамки на тимска работилница и друг како панелист.
Со цел да се разменат добри практики и да се споделат интерактивни активности применливи во различни предмети за толеранција, разбирање, мултикултурализам и инклузија од конференцијата, Здружението на просветни работници организира бесплатен семинар и интерактивна работилница за наставници од основните и средните училишта во општина Куманово ,,Обединети во различностите” на 17.12.2024 (вторник) во 11 часот во Занаетчиски дел. На свечениот (воведен) дел поканети се и општествено одговорни компании од Куманово на кои ќе бидат врачени благодарници за несебична поддршка за учеството на регионалната конференција. Пријавени се 67 учесници (65 наставници и 2 директори).
Сите наставници кои ќе учествуваат во работниот дел до 14 часот ќе се стекнат со сертификат за учество за личен професионален развој.