Сеуште се пишуваат казни за неносење маски

Од полицискиот билтен дознавме и дека вчера биле напишани 62 казни заради непочитување на законската обврска да се носи задолжителна заштита на лицето во вид на маска или шал. Куманово ги руши рекордите во Северо-Источниот регион, ова се поткрепува со податокот дека, само за споредба, во Крива Паланка бројката е 10, а во Кратово 16.