Се дистрибуираат решенијата за данок на имот и фирмарина
Од општината соопштуваат дека започнале да ги дистрибуираат решенијата за данок на имот и фирмарини за 2021 година. Истите ќе се доставуваат преку „Македонска пошта“. Даночните обврзници (правни и физички лица) кои се сопственици на имот што се оданочува, а кои на својата адреса нема да добијат решение за данок на имот или решение за комунална такса-фирмарина за 2021 година, ќе треба да се обратат во најбрз можен рок во Секторот за даноци и такси на Општина Куманово.
Секој корисник или сопственик на имот кој се оданочува е обврзан во рок од 15 дена од моментот на стекнување на имотот, односно од добивање на употребна дозвола или впишување во Агенцијата за катастар на недвижности, да го пријави имотот во општина Куманово. Доколку не го пријави имотот, општината ќе постапи согласно законските надлежности.