На локалниот пат Табановце – Куманово, во село Лојане, ноќеска во 01.55 часот настанал пожар во патничко моторно возило во движење. Станува збор за „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен кумановец.
Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
