Се запишуваат средношколци и во августовскиот рок
По неколку ученици се запишани и во августовскиот уписен рок, информираа денеска надлежните од кумановските средни училишта.
Сепак, и со новозапишаните ученици, недостасуваат речиси половина од вкупно предвидената бројка согласно конкурсот на МОН, која изнесува 2.187.
Во двата уписни рока во јуни годинава во петте средни училишта во Куманово запишани се околу 1.100 ученици.
Најголем број на ученици во прва година во новата учебна година ќе има средното техничко училиште „Наце Буѓони“, а најмал интерес има за Гимназијата „Сами Фрашери“.