Бројот на невработени лица во Македонија е под 100 илјади, објави Агенцијата за вработување.
Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени во јули месец изнесувал 98.976 лица од кои дури 46.291 се пријавуваат редовно како лица кои бараат работа.
Ако се погледнат податоците ќе се забележи дека во февруари, на ниво на државата, бројката на невработени била 106 илјади додека во јули таа паѓа на 98 илјади или за само неколку месеци има пад од речиси 8 илјади лица.