Се подготвува целосна санација на „Искрин мост“

Во тек се подготвителните активности за отпочнување на градежно санациските работи на мостот на реката Пчиња познат како „Искрин мост“. Санацијата на мостот стар неколку децении и исто толку необновен ја изведува скопска компанија, а се наоѓа на регионалниот патен правец,  делница Куманово- Свети Николе, на 10 километри од Куманово. Инаку, минатиот месец јавното претпријатие за државни патишта го потпиша договорот за реконструкција на „Искрин мост“ вреден близу 118 милиони денари.

-„Искрин мост“  е воведен во работа од пред месец дена, се работи под мостот, се прават пристапни патишта, се носат механизации за бушење и се што е потребно, изведувач има, воведен е во работа, се работи, сериозен зафат е, сериозно бил запоставен многу години, но и тоа се работи, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта

Столбовите на мостот се армирано бетонски и нивната висина се движи од 18 до 23,5 метри. Мостот има девет распони со горен строј од спрегната челична конструкција и армирано-бетонска плоча со вкупна должина од 355 метри.

Предвидената санација е според Основен проект за санација изработен од ГЕИНГ – Скопје и ревидиран од Градежен Факултет.

Фирма изведувач задолжена за реконструкција на мостот е ДГП „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ- Скопје, а рокот за завршувањето на целосната реконструкција е 24 месеци.