Се празнува Свети Василиј Велики – Василица

Православните верници денеска го празнуваат денот посветен на Свети Василиј Велики. Василица спаѓа во најзначајните празници во циклусот на зимски празници. Етнолозите потсетуваат на многубројните обичаи и обреди поврзани за овој празник, кои за жал, во кумановско речиси целосно исчезнаа. Свети Василиј се прославува и како домашна слава, а во голем број семејства во кумановско се подготвуваат јадења во кои главна состојка е пченкарно брашно. Традиционалното јадење кое се подготвува секоја година е качамакот од пченкарно брашно кој се служи со пржена или димена сланина и сирење.

Свети Василиј Велики се празнува и како именден.