Се санира улицата „Михајло Пупин“

Почна санацијата на улицата „Михајло Пупин“ во населба „Перо Чичо“, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово. Улицата е влезена во програмата за одржување и санирање на оштетени јавно прометни површини.

-Улицата беше оштетена и влезена е во програмата за одржување и санирање, за што од општинскиот буџет вкупно се одвоени над 19, 5 милиони денари. На оваа улица се поставува асфалт од над 2.200 метри квадратни, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Претходно на улицата се реконструираше постоечката водоводна мрежа која беше дотраена и не можеше да ги задоволи потребите за непречено водоснабдување на жителите од оваа улица во Куманово. Тогаш за реконструкцијата на мрежата беа одвоени околу милион денари.

Коментари

коментар(и)