Се уредува поранешен хотел Солун

Почна партерното уредување на поранешен Хотел Солун, објект во централното градско подрачје во Куманово. -Се поставува бекатон на површината околу овој карактеристичен објект. Ќе се запази автентичноста. На терен работи скопската „Билд Инг“ која е избрана за поставување на бекатон на источната страна од Куманово. Реконструкцијата на објектот на поранешен хотел Солун во Куманово, заврши во август 2021 Објектот го задржа автентичниот изглед, во приземјето има повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфо-центар, а во просториите на првиот кат, административни простории. Реконструкцијата се спроведуваше како дел од проектот „Заедничка историја и култура – Мост помеѓу границите“ е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА 2 програма за прекугранична соработка со Република Бугарија, како водечки партнер Општина Куманово и партнер Општина Дупница.