Се чествува Преподобен Јоаким Осоговски
Манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка денеска го чествува споменот на светецот – патрон на градот. Традиционално, манастирот го посетуваат голем број верници, а се служи света архиерејска литургија.
Вечерва и утревечер на градскиот стадион во Крива Паланка ќе се одржат музички концерти на кои ќе настапат повеќе балкански музички имиња.
Со утрешниот музички фестивал Џој фест завршува Кривопаланечко културно лето 2025 кое започна на 19 јуни, а беа реализирани шеесетина настани.