Симулациска вежба за евакуација во ООУ „Браќа Миладиновци“

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во рамки на кампањата „Безбедни училишта” во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци” спроведоа симулативна вежба за евакуација во случај на елементарна непогода, информираат од СВР Куманово.

„Овие активности се спроведуваат со цел на учениците да им се укаже како безбедно да ги напуштаат просториите во случај на некоја елементарна непогода. Овие превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период во сите основни и средни училишта“, се наведува во соопштението.