Симулациска вежба на градскиот плоштад в петок напладне

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво од Општина Куманово и Отсек за превенција – СВР Куманово, во соработка со претставници од Црвен крст – Куманово в петок неделава ќе реализираат симулациска вежба, напладне на градскиот плоштад, со цел да се подигне свеста на повисоко ниво кај граѓаните на Куманово, за спречување на несакани последици од употреба на пиротехнички средства, во пресрет на празниците.
Настанот ќе биде од отворен и едукативен тип за сите граѓани и случајни минувачи, особено за младата популација и малолетни лица, за да се предупредат и заштитат од можни несакани повреди (телесни повреди на екстремитети, губење на вид, слух и сл.), кои би настанале со употреба на петарди, ракети, огномети и други распрскувачки пиротехнички средства, забранети за употреба.