Скопјанец ќе одговара за „тешки дела против општа сигурност“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 48-годишен скопјанец, управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Според МВР, на 14.12.2024, пријавениот постапил спротивно на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа, на тој начин што на објект во изградба во с.Липково, поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди.