Снежни врнежи во Куманово, службите за зимско одржување на терен

Интензивни врнежи од снег денеска напладне го зафатија кумановско.

„Службите  за зимско одржување се на терен, распрскуваат течност против подмрзнување на коловозот“, објави на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.

Екипите на ЈП „Чистота и зеленило” се распоредени во централното градско подрачје, се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони, додава Димитриевски.

Коментари

коментар(и)