„Да се воспостави системски одржлив и ефикасен пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво во согласност со законските обврски, националните политики и реални потреби на самата општина е основната цел на Општинскиот енергетски план за 2026 година“, кажа раководителката на Секторот за комунални дејности Лидија Ланг – Спасовска на последната седница на која мнозинството советници го усвои стратешкиот документ. Според раководителката, првпат во општината се донесува ваков документ изготвен од страна на експерти од областа на енергетиката и врз основа на позитивна законска регулатива согласно законот за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, позитивна регулатива за просторно урбанистичко планирање, закон за градење, закон за заштита на животна средина и јавни набавки.
„Планот има за цел да ја подобри енергетската ефикасност во јавниот сектор, особено во општински административни објекти, образовните и културните установи, комунална инфраструктура и улично осветлување. Oбврска на секоја локална самоуправа е да донесе ваков годишен план. Општина Куманово изготви ваков план, го состави до министерството за енергетика, рударство и минерали, согласно позитивни законски регулативи должни сме тоа да го направиме и да добиеме позитивно мислење од страна на министерството пред да се стави точка на дневен ред. Согласноста од министерството ви е доставена, во испечатена фрома, така што целосно е запазена регулативата. Со овој документ ние ќе влеземе во Годишен национален план на РМ за изградба на енергетски објекти за производство на електрична и топлинска енертгија и складирање на електрична енергија за 2026 година“, кажа Лидија Ланг – Спасовска , раководител Сектор за комунални дејности