Од вчера започна санација на подлогата во Соколански парк, од страна на фирмата „Интеко“ дооел Скопје, информира Општина Куманово.
Поради извршување на активностите во период од 28.04.2025 до 30.04.2025, целиот парк во овој период ќе биде затворен.
-Ги замолуваме граѓаните да имаат разбирање и да не го посетуваат паркот во овие денови, се наведува во соопштението.
