Синдикатот на пожарникарите на Македонија при НСДА изразува најостра осуда за синоќешниот брутален напад врз тројца наши колеги.
„Нападот со тупаници и камења врз пожарникари-спасители пред самиот објект на единицата е недозволив чин на насилство врз луѓе кои се во служба на граѓаните. Нашите пораки се јасни пожарникарите се службени лица и барамеод Министерство за внатрешни работи и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до Основниот суд Куманово. За напад врз овластено лице мора да има кривична одговорност! Хуманоста не смее да биде цел на напад: Ние сме тука за да спасуваме животи и имоти. Пожарникарите заслужуваат почит и безбедност на своето работно место, а не физички напади. Целосна поддршка за нашите повредени колеги“, пишува во соопштението.