Соопштение од „Кооп Инженеринг“
Инсталацијата Асфалтна база на ДПГТУ КООП ИНЖЕНЕРИНГ ДОО, од Куманово, покрај задолженијата што ги доби од страна на Државниот инспекторат за животна средина исто така изврши и редовни ремонт-активности и замена на филтрите. По извршените мерења на емисии во воздухот – концентрација на цврсти честички (прав) од страна на акредитираната лабораторија, Асфалтната база, исполнувајќи ги МКС стандардите, од 26.03 2021 година, продолжи со редовна работа, стои во соопштението.