По повод Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија, Српската заедница во Македонија р.о Куманово организира свечена Светосавска академија.
Академијата ќе се одржи на 26-ти (среда) во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот.
На свеченоста е предвидено гостување на високи лица од Србија и Македонија, меѓу кои и амбасадорката на Србија во Македонија, пратеници, градоначалникот како и други гости од културата и општествениот живот.
Во програмскиот дел предвидени се гостувања на познати имиња од Република Србија, како академикот Славенко Терзиќ, актери од српскиот народен тетар, пејачката Јелена Томашевиќ, уметничкиот оркестар на Министерството за одбрана на Србија, КУД „Српски вез“.