Со нова опрема до најсовремена настава во училиштето „Наце Буѓони“

Најсовремени модели на лап топ компјутери, модерни нагледни средства кои се користат за практична настава за профилот- компјутерска техника и автоматика, нова електро -опрема е дел од опремата која ја обезбеди средното училиште „Наце Буѓони“  за изведување современа настава во новата учебна година. Техничкото училиште потпиша и Договор за грант за Програмата Еразмус+, за проект помеѓу ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во кој ќе учествуваат ученици и наставници од стручните области во соседна Република Бугарија, каде што 14 дена ќе се изведува пред сè практична обука под менторство на стручни компании.

Она што е особено важно е гасификацијата која е во тек, а ќе бидат гасифицирани главната зграда на училиштето, новата училишна спортска сала и работилницата која до пред неколу години се загреваше на дрва, информира директорот Драган Јаневски.

Повеќе детали во вестите во 18 и 22 часот.