Општинската организација на Црвениот крст од Куманово изминатата седмица ја одбележа традиционалната Недела на солидарност под мотото „ Вашиот прилог – значајна помош “.
Во рамките на неделата, општинската организација Куманово дистрибуираше 60 прехранбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во ТЦ Сума и Тинекс маркет.
Воедно, во Гимназијата ,,Гоце Делчев” се одржа собирна акција за донација на облека. Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат од Црвен крст Куманово.
