Спомен куќата на локалитетот „Спомен Костурница“ е реконструирана

Проектот што беше реализиран преку Иницијатива за прекугранична соработка (МАКС – ФОРУМ), а финансиран од ЕУ со имплементација на партнерство помеѓу Институт „Балкан Про Европа“ – Скопје и Косовската Фондација за културно наследство без граници во соработка со Општина Куманово – заврши плодоносно, со реконструирање на спомен куќата на локалитет „Спомен Костурница“. Со изградба на амфитеатар на постоечкото игралиште, спортски террени и трим патеки, со нова опрема за рекреација, осветлување и раззеленување – се продолжува. На овој начин се заокружува една успешна градска приказна и се дава можност на граѓаните да спортуваат на ова значајно за Куманово историско место.